Дали несреќното детство мора да нѐ обележи за целиот живот?

Тоа што ме спаси може да се сведе на еден збор. Тој збор е љубов.

Колку несреќно може да биде нечие детство за да се знае со сигурност дека некој ќе живее лошо како возрасен или ќе умре во младоста?

Постојат бројни и истражувања на оваа тема. Слично прашање, всушност, е поставено многу пати до сега, а еден од најцелосните обиди да се одговори на него е Студијата на негативни искуства во детството (Adverse Childhood Experiences Study, ACES). Авторите на оваа студија осмислија начин на кој ќе ги дефинираат факторите од детството кои можат да го предвидат лошиот квалитет на живот на возрасно лице.

Тие именуваа десет ризик-фактори, како што се разведени, алкохоличари или родители зависни од дрога, сексуално злоставување, физичко насилство во семејството, како и ментална болест на член од семејството. Потоа истражувачите следеа стотина деца со цел да го испитаат влијанието на овие фактори врз нивниот живот.

Тие открија дека доколку некое од нив исполнува четири или повеќе од овие ризик-фактори, шансите дека ќе имаат среќен живот се слаби, односно веројатноста дека ќе живеат лошо е прилично голема.

Секако, тоа се само бројки, статистика, веројатност и шанси.

Оваа студија не се занимавала со процентот на позитивни луѓе и ситуации кои можат да ги спасат децата изложени на ризик-факторите. Доколку имате среќа, можете да ја надмудрите „играта“ и среќата да биде на ваша страна. Но не сакате да се коцкате со неа.

Но, јас се коцкав и тоа во мојот живот. Тоа е затоа што без да можам некако да влијаам, имам резултат осум од десет на скалата ризик-фактори ACES. Со резултат осум, шансите ми се толку мали, што никој со здрав разум не би се надевал дека ќе постигнам нешто во животот, можеби дури нема ни да преживеам. Според статистиките, требаше да станам алкохоличар, да боледувам од депресија, да умрам млад како резултат на самоубиство или како последица од алкохолизам или наркоманија.

Што е тоа што ги слабееше моите шанси? Имав психотичен татко, потоа насилен алкохоличар за очув, мајка ми стана алкохоличар и два пати се разведе, сведочев на нејзините злоставувања, водев сметка за себе кога возразните ќе се изгубеа во пиење... имам две пореметувања за учење - АДХД и дислексија, а на десет години ме пратија во интернат.

Но, сега имам 68 години, оженет сум со истата прекрасна жена од 1988, имаме три возрасни деца кои се прекрасни, јас сум доктор, детски и психијатар за возрасни со специјализација во пореметување на учењето, автор сум на 20 книги кои се продадоа во два милиони примероци, држам предавања и се сретнувам со клиенти секојдневно во мојата ординација и сум во процес на проширување на својата пракса со цел да допрам до што повеќе луѓе. Со други зборови, силен сум и немам желба да запрам.

Она што ме спаси може да се сведе на еден збор. Тој збор е љубов. Љубовта има многу облици и места: случајна љубов, намерна љубов, попатна љубов, кратка љубов, трајна љубов, љубов која се срамите да ја именувате, скршена па поправена љубов; со други зборови, секоја врста на љубов која можете да ја замислите.

Љубовта ја прави најголемата разлика во животите на луѓето кои пателе во детството. Таа е бесплатна и во неограничени количини. Тажно е тоа што понекогаш е тешко да се пронајде и што многу луѓе и се плашат.

Пронајдете го она што вам ви помага, правилата и алатките кои вас ви се од најголема полза, а потоа проверете дали она што ми помогна мене ви е потребно и вам.

Освен љубовта имам и други конкретни одговори, а поголем број од нив се очигледни: негувајте ги своите пријателства, учете да простувате, посвојте мачка или куче, шетајте надвор во рана зора, гледајте нагоре, навивајте за своите тимови и гледајте на Победата и на Поразот подеднакво.

Исто така чувствувам бескрајно воодушевување и понизност кон мистериозните и необјасниви резултати кои можат да бидат чудесни и среќни, воедно непредвидливи како гром од ведро небо.

Автор: Edvard (Ned) Halovel, M.D, Ed.D.,