Прегратка... не каква било. Да прегрнете некого... не кого било. Прегратка... од оние во кои посакувате да се изгубите и никогаш да не излезете од нив...

Прегратка која трае. Прегратка која создава магија, која е доволно нежна, но и доволно цврста. Доволно нежна за да избрише сите болки, доволно цврста за да го сопре времето.

За таква прегратка зборувам.

Колку пати сте прегрнале некого на тој начин?

Колку пати некој ве прегрнал вас на тој начин?

Прегратка која ви го одзема здивот. Прегратка која ви вдахнува живот и прави да се чувствувате дека сте живи.

Прегратка во која можете да чуете отчукувања на две срца и тоа толку силно што сфаќате дека нема поубава музика од тие синхронизирани срцебиења.

За таква прегратка зборувам.

Ако некогаш сте прегрнале на тој начин, ако некогаш ве прегрнале на тој начин, вие сте среќна личност.

Одвреме-навреме ставете ја раката на вашите гради, можеби ќе чуете како две срца истовремено и синхронизирано танцуваат.