Дали на место на барака ќе никне 15-метарска зграда во Трнодол?

Локалната власт во Општина Карпош сака да овозможи изградба на нова 15 метарска зграда во Трнодол, на локација каде моментално има барака, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со новиот ДУП, на местото на оваа трошна барака се предвидува изградба на 13,2 односно 15 метарски висока зграда со 400 м2 деловен и 2000м2 станбен простор – рече Тони Јаревски претседател на ОК Карпош ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека зградата треба да ја гради фирма блиска до власта, која, како што рече, ја гради згрaдата кај Мајчин Дом во Аеродром.

Од општината на чело со градоначалникот Стефан Богоев веќе истакнаа дека планот е сега е во почетна фаза и ќе следи јавна расправа, но, како што порачаа од таму, нема да се донесе ДУП кој е спротивен на интересот на граѓаните.