Дали МВР имало информации дека детето е мртво, а тоа се криело поради самитот на ОБСЕ? - праша адвокатот Митровски

Адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук профил со став доцна во ноќта во врска со трагедијата со младата Вања која ја потресе цела Македонија. 

Тој постави неколку прашања, а ова е неговиот став во целост:

- Државата е пред целосен морален распад. Според официјалната верзија, ЗА ПАРИ, се коле човек, со неговата кола пет дена се возакаат, па киднапираат девојче од користољубие, кое го убиваат по само два и пол часа.

Прашања кои се наметнуваат?

-Како МВР преку сејф сити пет дена не го забележува возилото Цитроен по скопските улици?

-Што се случило за Вања да е убиена по само два и пол часа, а е киднапирана за изнуда?

-Дали МВР имало информации дека детето е мртво а тоа се криело ради самитот на ОБСЕ?

-Како се дозволи главниот осомничен да избега?

Мојата ќерка е врсник со покојната и нејзината и безбедноста на сите деца ми е многу пред некакви си самити. И уште нешто, Вања е киднапирана пред самитот доста со “луциферијанци ја киднапирале”