Дали можете да ја решите оваа загатка која не можат да ја решат ни студенти од Харвард?

Во својата книга „Брзо и бавно мислење“, психологот Даниел Канеман ја изложува оваа загатка која треба да служи како доказ дека при носењето заклучоци најмногу се раководиме според интуицијата.

Загатката добро ги намачила дури и студентите од Харвард. Дури 80% од оние кои ја решавале загатката одговориле погрешно.

Дали вие можете да дадете точен одговор?

Во продолжение прочитајте ја загатката:

Купивте палка и топче за безбол за 1.10 евра. Палката чини точно 1 евро повеќе од топчето. Колку чини топчето?

Можни одговори:

1) 5 центи
2) 10 центи
3) 15 центи

Сигурно веднаш помисливте дека одговорот е 10 центи?

Не!
Ако навистина внимателно пресметате, ќе сфатите дека решението е 5 центи.

Кога топчето би чинело 10 центи, тогаш сметката би била 1 евро и 20 центи (10 центи за топчето и 1.10 за палката), а не 1 евро и 10 центи.

Канеман истакнува дека и најпаметните луѓе пречесто се залетуваат и потпираат на својата интуицијата, наместо да рационално да пресметуваат. Во животот често не мрзи да пресметуваме, па одиме според од прва ни е најлогично. И во тоа брзање најчесто и грешиме.