Дали мора да бидете врзани со појас кога патувате со автобус?

Според Сојузната канцеларија за статистика, патувањето со автобус е најбезбедниот начин за патување по патиштата.

Многу прашања се отворија по трагичната автобуска несреќа која се случи на патот Скопје – Тетово.

Колку сме безбедни кога патуваме со автобус, како треба да се оснесуваат возачите додека возат, на кој временски рок се прават контроли на автобусите, се проверува ли тоа редовно, прашуваат засегнатите  граѓани, исплашени од страшната несреќа која што се случи деновиве, каде се изгубија 14 човечки животи.

Портпаролот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Ристо Манчев, во своето гостување на 1 ТВ, објасни дека според законот, патниците се должни да користат појас секаде каде што тие се фабрички вградени.

-Според правилникот за техничка исправност на автобусите, за автобуси кои вршат превоз на меѓуградски растојанија, појасот е задолжителен само за возачот и за предните седишта на автобусот. Во 2006 ЕУ донесе Директива по сообраќајна несреќа со автобус во Франција, со голем број на загинати, според која беше задолжително сите држави да воведат законска регулатива според која носењето појаси за сите патници во автобусите треба да стане задолжително. Тоа го немаат имплементирано сите држави од ЕУ, Македонија во процесот на пристапување ќе мора да ги имплементира и тие стандарди, рече Манчев.