Нашата земја и натаму останува пред портите на големото европско семејство - ЕУ.
По долгогодишниoт спор со соседна Грција, сега се соочуваме со ново вето, овој пат од Бугарија.
Дали македонската дипоматија, со последните случувања, доживеа тотален колапс?
Реакциите на граѓаните се бројни, а најмногу се во насока на револт од ЕУ, но и од низата погрешни чекори од страна на нашите политичари поради што се бараат оставки.
Еве дел од реакциите на социјалните мрежи:
заслугата на бугарите за да влезат во уставот како државотворен народ во Македонија е иста колку и мојата за успесите на НАСА... мојата е дури и поголема, јас на пример никогаш не сум им го оспорувал слетувањето на месечината
— Dimano (@dimanovski) June 24, 2022
Време е Македонците (не граѓаните на Северна Македонија туку самите Македонци) да го стават проблемот со Бугарија и Франција пред Советот на Европа и пред ООН.
Станува збор за прекршување на основни права поврзани со јазикот и за присилна асимилација.
За тоа треба да се расправа.— Мирјана Најчевска (@ibogovitelicno) June 24, 2022
¶Не е ли фашизам во 21 век да негираш нечиј јазик?
¶Не е фашизам во 21 век да кажуваш дека суверена држава е дел од некој друга држава?
¶Не е ли фашизам да кажуваш дека граѓани на суверена држава се глупи и неосвестени дека не се тоа шо мислат?
— Стар Лисец (@princnabelkonj) June 24, 2022
Во нормална држава, за ваква слика се повикува амбасадорот, му се даваат парталите и се прекинуваат дипломатските односи, се поставува колку толку воено присуство на границата кон тој сосед кој очигледно има непријателски намери pic.twitter.com/RnH7zBLUj3
— vlatko (@VlatkoV) June 24, 2022