Дали куќните слави се слават како некогаш - Лепче, вино и пченица во секоја куќа мора да има

Печено свинско, пржена риба, кифлички, сарми, крем-салати, баклави, колачи, мезе и алкохол се традиционална понуда на трпезата на македонските слави.

Домаќинките ги засукаа ракавите, но го одврзаа и ќесето. Почнаа зимските слави.

Но, дали куќните слави се слават како некогаш? Домаќинките раскажуваат дека од година во година трошоците се се поголеми, масите попразни, а бројот на гости е се помал.

Порано славите се славеле со стотиц гости, но со скромни трпези. Денеска е обратно. Полна трпеза, а малку гости.

Oд црквата велaт дека верниците нема потреба да се изложуваат на трошоци и да слават слави како свадби. Лепче, вино и пченица во секоја куќа што слави мора да има, останатото останува избор на верникот.

Свештениците се презадоволни што во црквата се вратија верниците кои последниве години се изретчија.