Дали корона вирусот е присутен во Македонија подолго одошто се мислеше?

Драстичното зголемување на заболени од грип годинава и случајот на мајката и синот од Велес кои починале пред повеќе недели го отвораат прашањето дали коронавирусот во земјата бил присутен подолго одошто досега се мислеше, пишува Дојче веле.

Министерот за здравство Венко Филипче во неколку наврати изјавува дека таа можност постои, но засега сите капацитети се насочени кон спречување на ширење на болеста и лекување на заболените.

Кај едно од лицата од Велес најден е вирусот во примерок од дишното стебло. Тешко е да се каже причината за смртта, но во насока на тоа што значајно е зголемена бројката на заболени од грип годинава, не е исклучена можноста вирусот и порано да бил присутен, особено поради асимптоматските носители на вирусот, изјави Филипче.

Целиот текст на следниов линк.