Дали корона вирусот бил присутен во земјата пред регистрирањето на првиот официјален случај на 26-ти февруари?

Дали корона вирусот бил присутен во земјата пред регистрирањето на првиот официјален случај на 26-ти февруари? Во Институтот за јавно здравје досега регистрирале 37 000 заболени од сезонскиот грип, што е 17 000 повеќе од лани, пишува Сител

Епидемиолозите не ја исклучуваат можноста дел од нив да имале и Ковид 19 и ќе прават дополнителни анализи од примероците кои ги сочувале во ИЈЗ. Стручните лица пикот на новиот опасен вирус го очекуваат за две до три недели и затоа е можно и воведување на поригорозни мерки.

Надлежните ги чекаат и резултатите од студијата во Австралија дали бе се же вакцината штити од корона. Пулмолозите со објаснување дека во некои земји каде имунизацијата со оваа вакцина не е задолжителна, имаат поголем број на заболени.  Но за да го применат овој начин на лекување чекаат релевантни медицински докази.

И додека здравствените власти уверуваат дека се подготвени со капациенти за згрижување на поголем број заразени, пациенти кои немаат Ковид 19 но имаат потреба од итни интервенции реагираат дека наидуваат на затворени врати. Филипче, на денешниот брифинг тврди дека нема наредба во клиниките да не примаат болни со други дијагнози, а по случајот со охридската болница вели дека ДСЗИ постојано прават вонредни контроли.

Министерството за здравство се уште ги испитува случаите на починатите пациенти од Велес, Куманово и Струга, дали не добиле навремена здравствена грижа.

Што се однесува на терапијата што ја добиваат заболените, од Инфективна велат дека антималарици добиле 15 пациенти од кои дел веќе се пуштени на домашно лекување а антиретровирусниот лек го земаат тројца заразени.