Дали корона кризата ја зголеми цената на становите во Скопје?

Иако се очекуваше периодов цената на становите во Скопје да се намали, се случи обратно. Цената на становите во услови на корона кризата се зголемува. 

Во главниот град поскапеле становите во Центар, Ѓорче Петров, Гази Баба, каде метар квадратен станбена површина се продава за 50 до 70 евра поскапо во споредба со првите три месеци од годината. Во Карпош и Аеродром цената на метар квадратен скокнала за околу 10 евра. Само во Кисела Вода становите се продаваат поевтино за 10 евра од квадрат.

Најскапи се становите во Центар каде што просечната цена била 62.778 денари за квадратен метар.

Повисоката цена на становите се должи на дефицитот на градежни материјали што се од увоз и на недостигот на квалитетна работна сила, велат од сектрирот градежништво.

Упатените во ситуацијава велат дека цената на станови нема да паѓа, освен во случај кога инвеститорот има проблем да го заврши објектот.