Дали ќе се вратиме на старите практики? Некогаш се пазарувало со вакви торби!

Од утре пластична биоразградлива кеса во маркет ќе чини 15 денари. Граѓаните веќе на големо се подготвуваат да пазаруваат со сопствени кеси или торби.

Одлуката на надлежните да се укине прозиводството на пластичните кеси кои несомнено ја загадуваат животната средина, а со повисоката цена на оние кои се биоразградливи да се редуцира нивната употреба.

Па така, повеќето граѓани ги подготвуваат платнените торби кои ги имаат по дома за пазарување.

Оние повозрасните се сеќаваат дека и во минатото така се пазарувало, со торби или кошници, а млеко, сок и други пијалаци се купувале во стаклена амбалажа која потоа се враќала кај продавачаот

. Едни од најпопуларните торби биле и оние плетени како мрежа со кои се одело на пазарување, а еве како изгледаат тие ретро модели:

Денес , конузмеризмнот донесе прекумерна употреба на пластика – од кеси до амбалажа. Предизвикот за заштита на животната средина е пред нас – дали ќе пазаруваме со хартиени или платнени кеси и торби или очајно ќе ни недостигаат пластичните кеси.