Дали ќе се гушиме и зимава? - Јовановски се огласи откако „Гардијан“ објави за загадениот воздух во земјава

Околу 98 отсто од европските граѓани дишат отровен, многу штетен загаден воздух, кој е поврзан со околу 400.000 смртни случаи годишно, а Македонија е најтешко погодена, покажа истражувањето на британскиот дневен весник Гардијан. 

Аерозагадувањето не е нова тема, смета активистот од ЗХГ и советник во Советот на Град Скопје, Горјан Јовановски. 

- За жал, за владата, администрацијата и советот на Град Скопје, амнезијата околу загадувањето ја снемува само кога ќе е најзагадено во зимото. Повторно чекаме да дојде критично за да измислуваме мерки, зошто тогаш политички поени се добиваат, порача тој во објава на фејсбук. 

Рече дека уште во јануари иницијативата Зелен Хуман Град поднела 15 предлози за намалување на загадувањето до сите советници и градската администрација.

- Буквално ниту една советничка група не ги разгледа сериозно предлозите, иако баравме заеднички да ги дискутираме и поднесеме за гласање. Буквално ниту еден координатор не се позамара на нашите повици за заеднички состаноци на темава. Знаете кој се позамара? Alexander и неговата невладина Zaedno za Promena. Заедно со нив се поставија 200+ волонтерски мерни станици за да следиме кој тоа најмногу нè гуши. Александар е за мене херојот кој самостојно го прави ова! - сподели Јовановски. 

- А за тоа дали ќе се гушиме и зимава? Најверојатно. Дали некој од советниците ќе се позамара? Шознам. Ќе се радикализираме? Зависи од вас, читатели, порача активистот кој секогаш е гласен кога станува збор за заедозагадувањето во главниот град.