Дали ќе остане само детски сон - еве како во моментов изгледа Луна Паркот

Оваа пролет градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов ја стопираше изградбата на Луна Паркот, место кое некогаш беше омилено за децата. Дали оваа место ќе остана само најголем детски сон за најмладите? 

Според Град Скопје причината за стопирање на Луна Паркот  би ги заштедила планираните финансиски средства од градскиот буџет. 

На новинарско прашање на редакцијата на КУРИР од градот Скопје информираат дека се работи на изготвување на нов проект и нов концепт за Луна Паркот, преку барање на јавно приватно партнерство со надворешен соработник.

-Работиме на тоа од наредната сезона најмладите жители на Скопје повторно да имаат модерен, забавен парк.

Инаку пред да го запре градењето на Луна Паркот во март минатата година пристигнаа првите седум реквизити за новиот парк што сега некаде фаќаат прашина.

Луна Паркот започна да го гради минатиот градоначалник на Скопје Коце Трајановски кој им вети на граѓаните нов забавен парк по 44 години.

Во проектот беа најавени 27 реквизити, од кои 3 адреналински, 6 семејни и 18 детски реквизити.