Дали ќе ја примите вакцината против Ковид-19?

Додека нашите соседи бираа со која вакцина против ковид ќе се вакцинираат, во Македонија се уште нема вакцини. Во соседството и во земјите од светот веќе започна вакцинацијата. 

Во соседна Србија луѓето со часови во редици чекаат за вакцина. Слична е ситуацијата и во другите земји. 

Во Македонија вакцини се уште нема, но во јавноста постојано се зборува за тоа, колку вакцината е потребна во овој момент. 

Дали ќе ја примите вакцината против Ковид-19, ова е едно од најпоставуваните прашање периодов. Народот со поделено мислење. Едни велат дека без проблем би ја примиле, други велат  дека нема да ја примат вакцината за заштита од коронавирусот, освен ако мораат.

Различни специјалисти, матични доктори, научници веќе подолг период излегуваат на прес со различни мислења и различни решенија за спречување и искоренување на овој вирус.

Ние секојдневно носиме маски за да се заштитиме, иако не знаме дали навистина не штитат, бидејќи во спротивно ќе добиеме парична казна.