Порано било нормално да се живее во заедница со родителите, најчесто на сопругот, но денеска овие работи се менуваат. Младите сакаат да бисат самостојни и сами да си живеат без никој да им се меша, ниту од едната, ниту од другата страна.

Они кои имаат повеќе финансиски средста, си купуваат свој стан, или пак градат куќа, а има и такви кои се одлучуваат да живеат под кирија и секој месец да плаќаат за станот.

За оние кои живеат во изнајмен стан често се вели дека 'фрлаат пари', бидејќи за таа сума која му ја 'подаруваат' на станодавецот би можеле да купат сопствена недвижнина.

Во последното време, посебно во Македонија, веќе не се гледа така лошо на животот под кирија, па експертите даваат четири причини зошто, сепак, е подобро да се изнајми, отколку да се има сопствен стан.

1. Имате повеќе луксуз и помалку грижи

Зголемената понуда на станови доведе до пад на цените на недвижнините. Бидејќи станови се градат на ексклузивни локации, можете да изнајмите супер луксузен стан кој веројатно не би можеле да си дозволите да го купите.

2. Куќите се несигурна инвестиција

Куќите се инвестиција во која никогаш не сте сигурни. Во денешно време отплатување на кредит за стан е ризичен потег. Ако не сакате да се коцкате и да се задолжувате на 20 или 30 години, изнајмувањето е посигурен избор.

3. Мобилни сте и флексибилни

Ако купувате куќа, сигурно планирате да живеете во неа некој подолг период. Но, ако би прифатиле подобра работа во друг град, тоа би ви задало дополнителни грижи бидејќи би морале да најдете некој кому ќе му ја изнајмите куќата за да го покриете кредитот. Од друга страна, кога изнајмувате стан, немате такви грижи.

4. Дополнителни трошоци

Куќата е инвестиција која изискува вложувања. Доколку живеете во изнајмен стан, нема да морате да се грижите околу покривите кои прокиснуваат или за некои поголеми дефекти во станот, бидејќи станодавецот е тој кој ќе мора да ги плати сите дополнителни трошоци за куќата или станот.