Дали кафениот шеќер е навистина поздрав од белиот?

Ако е кафено, тогаш, е сигурно поздраво? За разлика од брашното и од оризот, за шеќерот тоа не важи. Кафениот или жолтиот шеќер не треба да се смета како здрава алтернатива.

Количината на калории и јаглехидрати во кафениот шеќер е нешто помала од белиот, но тој сепак може да има големо влијание на нивото на гликоза во крвта.

Ако го консумирате во големи количини може да предизвика и зголемување на шеќерот во крвта или хипергликемија. Значи, не е за дијабетичари, кои треба да избегнуваат епизоди на хипергликемија што е можно повеќе.

Зошто е кафен?

Кефената боја доаѓа од меласата која останува, или која се додава во текот на обработката. Во најдобар случај ваквиот шеќер е делумно рафиниран, но често е подеднакво рафиниран како и белиот. Но, меласата му дава единствен вкус и својства при користењето. Инаку меласата е густ, сладок темникав сок кој е нус производ, односно, остаток по процесот на кристализација што се случува при производството на шеќер од шеќерна репка или шеќерна трска.

Што содржи?

Поради додавањето на меласата, кафениот шеќер има повеќе влага од белите кристали на шеќерот, што му дава единствена текстура, но влагата не помага во намалувањето на бројот на калории. Една лажичка жолт шеќер, сепак содржи околу 60 калории и 15 грама јаглени хидрати, што во суштина е исто како кај обичниот.

Вообичаени стапици

Како и при кое било внесување јаглени хидрати, внесувањето на жолт шеќер треба внимателно да се мери. Лесно е да се внесе премногу жолт шеќер, особено кога ќе го додадете во друга храна. На пример, ако јадете шолја варена каша за појадок, ќе внесете 30 грама јаглени хидрати. Со додавање на две лажички жолт шеќер ќе го удвои вкупното внесување на јаглени хидрати на неверојатни 60 грама.

Хранливи материи

Резултатите од истражувањата не ја подржуваат идејата дека жолтиот шеќер е поздрав од белиот. Иако меласата содржи некои минерали и хранливи елементи, количеството меласа што се додава не е доволно голема за да донесе значителна корист од консумирањето на ваквиот шеќер.