Дали и во 2019 година ЕВН Македонија ќе ги снабдува домаќинствата со струја?!

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) нема информација колку снабдувачи се заинтересирани за да бидат универзален снабдувач кога ќе стратува процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата.

До трети декември годинава до кога е отворен јавниот тендер заинтересираните компаниите снабдувачи со електрична енергија треба да аплицираат за избор на универзален снабдувач со електрична енергија што Владата го распиша во септември. Овие новини се дел од новиот Закон за енергетика кои што треба да овозможи либералниот пазар за струја да заживее во Македонија.
Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски тендерот за избор на универзален снабдувач го распиша Владата, а РКЕ нема информации кои од снабдувачите се заинтересирани да се пријават на огласот.

-Ние само бевме должни да ги подготвиме критериумите врз основа на кои требаше да се распише тендерот и да ги доставиме до Владата. Пред да ги доставиме критериумите до Владата организиравме неколку заеднички состаноци со снабдувачите со цел да им ги претставиме критериумите и да ги чуеме нивните забелешки и на тој начин да ги подобриме критериумите. Дадените забелешки ги инкорпориравме и ги доставивме до Владата. Од тој момент до сега Владата го води тој процес- објасни Бислимоски и дополни дека до назначување на новиот универзален снабдувач обврска И понатаму ќе ја врши ЕВН Македонија со цел, да се обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија на сите потрошувачи што е И во согласно Законот за енергетика.

Доколку никој не се пријави на огласот за универзален снабдувач, според Законот се предвидени повеќе начини, меѓу кои и обврската за објавување на уште еден тендер, како и РКЕ да и предложи на Владата како да постапува во натамошната постапка.Тоа значи дека можно е да се оди уште на еден тендер или да се направат консултации со одредени снабдувачи.
Бисмиловски сепак се надева дека на тендерите ќе се јават снабдувачи на електрична енергија. Тој нагласи дека во Македонија во моментов се активни осум снабдувачи со електрична енергија кои активно продаваат енергија на потрошувачи.

-Досега се издадени преку 20 лиценци за снабдување со електрична енергија, што значи во земјава ги има сите предуслови за конкурентен пазар на електрична енергија-вели Бислимоски И дополни дека ние сме единствена земја во регионот во која има осум активни снабдувачи со електрична енергија, а нашиот процент на реална либерализација е највисок во регионот.

Исто така камо што потенцираше Бислимоски карактеристично е што Македонија е единствена земја во регионот каде приватна компанија која не е произлезена од поранешното вертикално интегрирано претпријатие е најголем снабдувач со електрична енергија на пазарот.