Дали граѓаните плаќаат скапи патарини?

Во Македонија има најефтини патарини тврди надлежниот министер и порача дека за побезбедно патување, мора да се плати. По најавта  дека ќе се градат две нови патарини на  автопатот. Скопје – Штип кои ќе чинат 50 и 70 денари, Бочварски им порача на граѓаните ако не можат да платат да возат по алтернативни патишта.

Ако некој од  Штип работи во Скопје за да пристигне на работно место и да се врати дома, според најавените давачки,  дневно ќе троши 320 денари за патарини. Месечно од својата плата ќе издвојува 8000 денари а годишни цели 1500 евра. Доколку пак лицето прима просечна македонска плата, според пресметките половина плата ќе дава за патарини а остатокот за гориво.

Од Макам- транс  здружението на превозници сметаат дека воопшто не се ефтини патарините во Македонија, особено за оние кои се постојано на патиштата. Како здружение уште  од порано предлагале воведување на европски систем на наплата, како што се вињетки.

Странците кои постојано транзитираат низ земјава постојано се жалат на лоши и небезбедни патишта. Од макам транс сметаат дека македонските цени на патарини не се согласно животниот стандард на граѓаните што не е случај во европските земји. Покрај ова, се внимава и на животната средина и оној кој загадува повеќе плаќа поскапо патни давачки.