Дали Град Скопје ќе ја отвори Градската плажа „Парк“?

Градската плажа „Парк“,која беше проект на тимот на поранешниот градончалник на главниот град Коце Трајановски, годинава е целосно нефункционална за користење.

Според традицијата таа се отвораше на почетокот на јуни, а лани одбојкарското и ракометното игралиште започна со работа во мај. Оваа година ги нема тропските барови и останатите реквизити со кои слободно се користеа скопјани.

Градската плажа „Парк“ беше отворена во 2010 а за неа беа потрошени неколку стотина илјади евра.