Дали го напуштаат бродот кој тоне? Блиска соработничка ја напушти Арсовска

Менувањето на луѓе кои се блиски во опркужувањето на градоначалничката Арсовска го одбележаа нејзиниот мандат. Ретки се тие кои останаа од самиот почеток со Арсовска. Или таа ги менуваше или тие си заминуваа. Причините за нивната смена градоначалничката никогаш не ги образложи пред јавноста.

Најнов случај на заминување од кабинетот на градоначалничката е нејзината блиска соработничка Маја Рисова. Во кабинетот на Арсовска дојде како тотален анонимец и можеше да се забележи како ја придружува градоначалничката речиси на сите настани. Последната фотографија со градоначалничката Арсовска им датира од 22 мај, каде Рисова заедно со целиот кабинет беа на посета во Прага каде Арсовска оствари официјална средба со Градоначалникот на Прага, Бохуслав Свобода.

И од тогаш Рисова не се појавува на ниту една фотографија и на ниту еден официјален настан. Но затоа сега екс најблиската соработничка на Арсовска да ја видиме во друштво на новиот министер за јавна администрација Горан Минчев. До Град Скопје, Скопје инфо не се ни потруди да испрати прашања што е причината за ваквиот трансфер и дали имало разидувања зошто досегашното искуство со градот на поставени прашања и добиени одговори е на трагично ниво.

Ова не е прво напуштање на кабинетот на Арсовска од членови на нејзинот тим. Од пред некој месец градоначалничката остана и без Кристина Депо, која беше прво шефица за односи со јавност, а потоа координаторка на проектот „Скопје европска престолнина на културата 2018“. Депо на парламентарните избори на кои Арсовска доживеа катастрофа беше дури и на листата за пратеници на партијата на Арсовска „Нова Алтернатива“ во првата изборна единица.

Од Кабинетот на Арсовска пред неколку месеци си отиде и Наталија Митовска, сопруга на сопственикот на порталот „Инфомакс“ Александар Митовски. За нејзе во декември месец минатата година имаше најави дека треба да го наследи Зоран Глигоров како генерален секретар на Град Скопје но Митовска никогаш официјално не стапи на таа функција. Во јавноста се појавија шпекулации дека не ги исполнува потребните критериуми да биде назначена на оваа позиција.