Дали ги почувствувавте? Регистрирани два земјотреса во Македонија

Во рок од околу половина час се регистрирани два земјотреса во западниот дел на земјата.

Првиот бил со интензитет од 2,3 степени според Рихтер, на 15 километри северо-западно од Гостивар.

Вториот земјотрес е со интензитет од 2 степени според Рихтер и повторно е во близина на Мавровското езеро, овојпат на длабочина од 7 километри.