Дали емоциите можат да предизвикаат физичка болка?

Старите медицински откритија тврдат дека гневот и бесот можат да предизвикаат срцев удар, а хроничната тага деменција. Не било невообичаено да се поврзуваат голем број на случаи со хронична болка, со емоции како страв, фрустрации, љубомора и анксиозност.

Овие  тврдењеа се отфрлени од модерната медицина, но најновите истражувања покажуваат дека нашите емоции и тоа како влијаат на нашето физичко здравје. Еве како е поврзана физичката болка со емоциите со кои секојдневно се соочуваме.

Главоболка – ова е знак дека сте премногу изложени на стрес. Интелектуалец сте и многу размислувате.

Болка во вратот – покажува дека можеби треба да простите на некого – и таа личност може да бидете вие самите. Во себе несвесно држите стрес кој е поврзан со работата, вашиот дома, животните обврски или други тешкотии кои несвесно ги носите на вашиот грб.

Болки во горниот дел од ‘рбетот – чувствувате недостаток од емоционална поддршка

Болка во зглобовите – ова значи дека често не сте отворени кон компромиси и сте тврдоглави. Научете да бидете поотворени.

Болки во рацете – Треба да посегнете повеќе кон другите за да ги пополните вашите емоционални потреби. Малку намалете со постојаната потреба вие да ги завршите сите работи.

Болка во колковите – ова е можно да е порака од вашето тело дека треба да продолжите и да донесете важна одлука, а не да стоите во место.

Болка во колената – ова покажува дека вашето его преовладува.

Болка во глуждовите – премногу сте скромни. Доззволете си на себеси повеќе задоволства и не бегајте од љубовта.

Болка во стапалата – ви треба приземјување и повеќе радост во животот. Размислете за опцијата да запознавате повеќе луѓе, одење на концерт и пауза од компјутерот. Светот чека на вас.