Дали е време вие и вашиот партнер да намалите со користењето на социјални мрежи?

Оној којшто ќе каже дека никогаш не проверува што се случува на Фејсбук – лаже. Денес Фејсбук и останатите социјални мрежи ни се начин како да останеме во контакт со луѓето, да споделиме тоа што го мислиме и правиме, да ги прочитаме вестите. Буквално се правиме на социјалните мрежи и веќе не ми можеме да си го замислиме животот без нив. Чест на исклучоци.

Има многу работи за кои сме им благодарни на социјалните мрежи, но има работи кои се апсолутно неподносливи, особено кога се паровите во прашање. И покрај тоа што сите се среќни што сте заљубени и супер е да се шири љубовта, сепак понекогаш треба да се запрашате себеси дали можеби и претерувате по малку со премногу споделување на љубов.

Ако се препознаете во повеќето од овие знаци, тоа значи дека е време малку да се смирите и да олабавите со користењето на социјалните мрежи. Ова не значи дека треба да ги избришете сите профили, само дека треба да бидете повнимателни:

1. Си ги лајкувате постојано сите можни објави еден на друг и тоа уште во првите 10 секунди по објавата.
2. Додека едниот се обидува да раскаже колку лош ден имал и се надева дека ќе добие некој утешителен збор и прегратка, другава страна си проверува нотификации на Фејсбук.
3. Почнавте да ги бирате местата за излагање според тоа кое место има декорација која би направила топ слика за на Инстаграм.
4. Кога сте заедно се помалку зборувате, а се повеќе прегледувате што прават вашите виртуални пријатели.
5. Станувате љубоморни на други парови, затоа што мислите дека нивните животи се повозбудливи од вашите и мислите дека нив им е позабавно.
6. Повеќе знаете што се случува во животите на другите луѓе отколку во животот на вашата сакана личност.
7. Понекогаш знаете да објавите и по неколку заеднички слики, поради што луѓето веќе не можат да ве поднесат и почнуваат да ве бришат.
8. Кога излегувате со пријателите, тие отворени ви кажуваат дека треба малку да олабавите со социјалните мрежи, затоа што како што тргнало и тие ќе ве избришат.