Дали е тој заљубен во некоја друга?

Секогаш кога ќе запознаеме некој кој ни се допаѓа, се трудиме да откриеме дали и тој гаи симпатии кон нас или можеби е заинтересиран за друга девојка. Има неколку трикови кои можат да ви помогнат при проценувањето и кои можат значително да ви го олеснат животот.

Денес ви нудиме неколку практично совети кои можат да ви бидат водич за вакви ситуации.

Ве третира како другарка

Еден од знаците дека е заљубен во друга е ако ве третира како пријателка. Вие се обидувате да флертувате со некого кога ќе останете сами, а тој продолжува да ве третира како другарка. Ако навистина е заљубен во друга, вие може и на глава да застанете, а тој нема да забележи. Или нема да сака да забележи.

Неговите очи кажуваат се

Следете го неговиот поглед. Погледот на заљубениотт маж потполно се променува во мигот кога девојката по која копнее влегува во просторијата. Не е случајно тоа што велат дека очите се огледало на душата.

Тој е среќен и возбуден

Уште еден знак кој покажува дека е заљубен во друга е тоа што зрачи со позитивна енергија секогаш кога е во близина на личноста која му се допаѓа. Ќе забележите дека често флертува, руменее, се смее и го прави се тоа додека е свртен кон неа. За оваа луда состојба на еуфорија е виновен допаминот кој со брзина на светлината се лачи секогаш кога ќе ја погледне.

Дали му е претопло?

Еден од знаците дека е заљубен во друга е сексуалната привлечност која ги влече како магнет.

Секој во радиус од 100 метри може да забележи дека има хемија меѓу нив и се тоа врз основа на начинот на кој комуницираат. Ако е заљубен, нема ни да ги забележи другите девојки. За него таа е единствената девојка во просторијата.

Слаба комуникација

Тој постојано измислува изговори за тоа дека не ви пишува почесто. Секако, со изговорите секогаш оди и онаа порака: „Едноставно премногу сум зафатен.“ Нема да чувствувате дека се зближувате поради недостатокот на комуникација која неминовно се создава кога некоја друга ги окупира неговите мисли.

Неговиот избор на зборови

Најголемиот знак што некогаш ќе го добиете е кога низ шега ќе ви ги каже магичните зборови: „Јас не сум имал подобра другарка од тебе.“ А кога ќе му признаете што чувствувате, тој ќе ви каже дека не би сакал да си го расипете пријателството. Класика.

Ако јасно ви стави до знаење дека нема да добиете повеќе од пријателство, тогаш треба да го прифатите тоа. Потоа на вас останува дали ќе го прифатите пријателството и ќе ги поттиснете чувствата или едноставно ќе продолжите понатаму.

cheap nike free run 5.0