Дали е сигурно да се носи хируршка маска повеќепати и на кој начин да ја исперете платнената?

Избивањето на епидемијата на коронавирусот ги натера јавноста и медицинските работници да бараат маски за лице, а поради недостатокот, тие се користат повеќепати, дури и ако тоа не е ефективно.

Постојат два вида маски за лице и двете се наменети за еднократна употреба:Хируршките маски ги спречуваат луѓето да ја шират сопствената зараза и главно ги користат хирурзите за да ги држат своите микроби подалеку од пациентите. Нив можат да ги користат болните пациенти за да го намалат ширењето на болестите од ситните честички што ги искашлуваат.

Од друга страна Н95 респираторните маски, кои филтрираат 95% од надворешните честички, во воздухот, со цел да се минимализира изложеноста на тој што ја користи на инфективни болести, ја носат здравствените работници кои се грижат за болни луѓе и не сакаат да се заразат.

Маските за лице не се предвидени да се користат повеќепати

„И хируршките маски и Н95 респираторните маски се наменети за еднократна употреба, вели Ханс Ринштајнер, доктор и општ хирург во медицинскиот центар „Барнет“. Постојат респираторни маски кои можат повторно да се користат, но нив не ги користат медицинските работници. Тие се направени за оние кои работат со супстанции што создаваат дим или се изложени на хемикалии.

Хируршките маски и респираторите не престануваат да функционираат одеднаш, иако нивните влакна и еластичните држачи можат со тек на време да се влошат.

Поради коронавирусот се јави недостаток на маски, па здравствените работници, но и граѓаните, хируршките и Н95 респираторните маски ги користат и повеќепати.

Центарот за превенција и контрола на болести објави водич за користење на маските. Организацијата не препорачува чистење на маските, но ги препорачува овие совети за безбедно повторно користење на маските:

  • Хируршката маска или Н 95 респираторната маска можат повторно да се користат само ако ги користи исто лице.
  • Продолжената употреба е подобра отколку повторното користење. На тој начин се намалува можноста луѓето да го допираат своето лице и така потенцијално да му овозможат на вирусот да продре во нивното тело. Не постои начин да се утврди точно колкупати е безбедно повторно користење на маските.
  • Кога не се користат, маските треба да се чуваат во светол простор, каде има проветрување.

    Вирусот кој ја предизвикува болеста Ковид-19 може да преживее на површина и до 72 часа, покажуваат истражувањата. Поради тоа, Рихштајнер вели дека би било идеално да имате три маски за лице кои ќе можете да ги менувате.

    –Ако сакате да бидете суперсигурни, користете три маски и ротирајте ги на дневно ниво, дозволувајќи им да бидат во добро осветлен простор, во подрачје со добро проветрување и во меѓувреме да се исушат, за вирусите да умрат – вели тој.

    Како правилно да ја користите платнената маска?

  • Некои луѓе сами прават маски, од сè што ќе најдат – од платно до шалови.

    Истражувањата покажуваат дека маските направени од памучни маици се само една третина ефектни како хируршките маски во превенција на заразата, но сепак значително го намалуваат пренесувањето на зарзата.

    Според Светската здравствена организација, температурите од 25 степени Целзиусови можат да го убијат коронавируст, затоа ако користите платнена маска, исперете ја со сапун и со вода и исушете ја со изложување на висока температура, за што најдобро е да користите пегла на пареа.