Дали е препорачливо да се конзумира ленено семе при рак на дојка?

Нутриционистката Маја, на својот едукативен Инстаграм профил The_healthier_you, ја решава дилемата дали е препорачливо да се конзумира ленено семе при рак на дојка. 

-Многу често постои дилема за тоа дали може да се консумира ленено семе при рак на дојка, поради фитоестрогените кои што се присутни во него.
Еден обичен google search можеби ќе заврши со мислење дека лененото семе не треба да се консумира од страна на лица кои што имаат зголемен ризик од појава на рак на дојка, или лица кои што моментално се борат со оваа болест, но за среќа имаме и научни податоци на оваа тема, кои што имаат многу поразлични и многу поинтересни заклучоци, пишува таа во својата објава. 

Лененото семе содржи фитоестрогени, да, но тоа не значи дека не треба да го консумирате при естроген рецептор позитивен рак на дојка.

Всушност студиите покажуваат дека:

- Лененото семе може да помогне во превенција на рак на дојка
-Лененото семе и неговите состојки - лигнани имаат моќен антиестроген ефект кај естроген рецептор позитивен рак на дојка, и затоа имаат позитивен ефект и за превенција на канцер, а и кај лица кои што веќе имаат дијагностициран рак на дојка
-Исто така некои студии покажуваат дека позитивниот ефект може да се должи и на омега - 3 масните киселини кои што се присутни во лененото семе
-Исто така лененото семе е поврзано со намалена смртност кај лица кои што живеат со рак на дојка
-Кај естроген рецептор негативен рак, една студија покажала дека лененото семе го намалува растот на метастазите (студијата е изведувана на глувци)
-Лененото семе има антикардиотоксичен ефект, кај лицата кои биле подложени на разни третмани поврзани со канцерот, и може да ги намали кардиотоксичните ефекти на сите лекови и методи, кои што се користат во третман на ракот.

Доколку се одлучите да го вклучите и лененото семе во вашата антиканцер исхрана, внимавајте на тоа да биде од органско потекло! - е советот од оваа нутриционистка.