Дали е доволна само диплома за некој да има титула наставник?

Каде потфрла образовниот систем и какви наставници ги учат децата ги прашавме експертите. Според професор доктор Мирјана Јовановска врз квалитетот  на образовниот кадар влијаат повеќе фактори.

Потребна е поголема стимулација но и повисоки критериуми за некој да стане наставник и професор.

Јовановска порачува  дека државата треба да почне да ја третира професијата наставник како достоинствена бидејќи во рацете на овие кадри се наоѓа иднината на општеството.

-Не е потреба само дипломата за да бидете добар наставник, тој ја дава основата на секое дете кое ја носи цел живот, објаснува Митко.

-Мислам дека повеќето од професорите, учителите не го знаат значењето на зборот етика и морал, аим предаваат на нашите деца, вели, скопјанката Слободанка.

Пред два дена наставник од Делчево кој предавал етика беше фатен со дрога. Просветниот работник заврши во притвор откако полицијата во неговиот дом пронашла поголема количина на марихуана. 36 годишниот наставник работел во ОУ Климент Охридски во Делчево.

- При извршениот претрес пронајдени и одземени се околу 820 грама марихуана, семки од растението канабис и неколку гранки од истото растение-изјави ГОРДАНА ПАНАЈОТОВА, ПОРПАРОЛ НА СВР-ШТИП

Делчевчанецот веднаш е лишен од слобода и приведен во полициска станица, а судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор.

- Од државниот просветен инспекторат е даден налог за поведување постапка во основното училиште во Делчево. Инспекторите ќе утврдуваат дали имало злоупотреба и во училиштетот и влијание врз учениците.