Скопјани пијат квалитетна вода, споделуваат редовно надлежните. Но, она на што се жалат жителите е бигорот.
Дали е добра водата од скопските чешми или пак потребно е да се конзумира флаширана вода? Оваа дилема се обидоа да ја разрешат „твитерџиите“!
- Зошто кога вријам чешмовача има бигор на ѓезвето, а од флаширана нема? - праша една твитерџика.
Не сум хемичар, не сум ни научник, само кажи ми дали целата водоводна мрежа низ Скопје се азбестни цевки и зошто има толку многу бигор во уредите на вода? Еве очигледно знаеш многу, објасни ми зошто кога вријам чешмовача има бигор на ѓезвето, а од флаширана нема?
— Ана Ресана (@AnaFiljana) December 11, 2024
- Скопје има тврда вода, нормално дека ќе има поголема количина минерални остатоци од флаширана. Но, тоа не ја прави флашираната вода поздрава. Полнета во пластично шише пред шес месеци изложена на секакви надворешни услови дур ја купиш, наспроти свежа проточна вода, вели друг твитерџија.
Скопје има тврда вода, нормално дека ќе има поголема количина минерални остатоци од флаширана. Но тоа не ја прави флашираната вода поздрава. Полнета во пластично шише пред шес месеци изложена на секакви надворешни услови дур ја купиш, наспроти свежа проточна вода.
— Petar Shushkovitz (@virusmkd) December 11, 2024
Така де, додека не дојдов Скопје не знаев што е бигор во вода
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) August 16, 2024
Само овој пост не е за оние кој живеат со Скопје.
Во Скопје водата не е добра ни да се бањаш а не па да ја пиеш, кој не верува нека наполини 1L нека ја однесе на испитување надвор од МК и ке ви стане јасно колку е гнасна и колку хлор и бигор им внатре.
Или бојлерот отворете го.— Courflower (@courflower) January 15, 2024
Се реагира и за азбесните цевки.
- Скопје во периферните делови на околу 6% од мрежата има азбестни цевки. Според СЗО, врз основа на истражувања не постои ризик кон здравјето ако водата содржи азбестни влакна. Вдишување на азбест е друга приказна, алармира еден твитерџија.
Скопје во периферните делови на околу 6% од мрежата има азбестни цевки.
Според СЗО, врз основа на истражувања не постои ризик кон здравјето ако водата содржи азбестни влакна.
Вдишување на азбест е друга приказна.— Petar Shushkovitz (@virusmkd) December 11, 2024