Дали децата може да примат вакцина против грип заедно со други задолжителни вакцини?

Институтот за јавно здравје со препораки за имунизација на децата против сезонски грип.

- Децата под 9 години, доколку првпат се вакцинираат се препорачува да примат две дози во интервал од 4 недели, а потоа продолжуваат да се вакцинираат еднаш годишно. Вакцината ќе помогне да го заштите Вашето дете против грип и сериозни компликации како што се бронхитис и пневмонија, велат надлежните.

Од ИЈЗ појаснуваат:

- Вакцинирањето на Вашето дете ќе помогне да ги заштите бабите и дедовците, почувствителните членови на семејството и пријатели кои не можат да се вакцинираат. Вирусите на грип постојано се менуваат и не е невообичаено да се појави нов тип на грип секоја година. Вакцинирањето пред секоја сезона е единствен и најсигурен начин на превенција од грип.

Безбедно е да се прими и вакцината против грип заедно со другите вакцини за децата. 

- Вашето дете може да ја прими вакцината за грип заедно со другите задолжителни вакцини, потенцираат од ИЈЗ.