Дали данокот за моторни возила ќе ги казнува поголемите загадувачи?

Граѓаните кои ќе внесат или увезат нови или употребувани возила мотоциклите и четирициклите од 1 ноемрви годинава ќе треба да платат и данок за моторни возила. Ова го предвидува нацртот на Предлог законот за данок на моторни возила, што денеска е објавен на Националниот електронски регистер на прописи (ЕНЕР).

Од овој вид на данок под посебни услови се ослободени моторните возила за дипломатски и конзуларни претставништва и за меѓународни организации, моторни возила обезбедени преку странски донатори за реализирање на проекти во земјава, како и возила кои се користат за спортски натпревари и „олтајмери“ постари од 35 години. 

Во него е предвидено, данокот да се пресметува според европските практики и стандарди и тоа покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар.

„Данокот на моторните возила се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисијата на јаглерод диоксид – CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината искажани во евра во денарска противредност, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија“, стои во нацрт текстот на законот објавен на ЕНЕР.

На овој начин, како што се наведува во образложението, ќе се придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерд диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.

Од овој вид на данок под посебни услови се ослободени моторните возила за дипломатски и конзуларни претставништва и за меѓународни организации, моторни возила обезбедени преку странски донатори за реализирање на проекти во земјава, како и возила кои се користат за спортски натпревари и „олтајмери“ постари од 35 години. За возилата постати од 35 години кои немаат статус на „олтајмер“ ќе се плаќа паушал од 5.000 денари.

При увоз на моторни возила, данокот на моторни возила го пресметува и наплатува надлежниот царински орган, додека Владата со Уредба го утврдува начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ги утврдува износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила.