Дали бугарски автобуси ќе ги заменат приватните превозници?-прашува ВМРО-ДПМНЕ

Ја разбираме опседнатоста на Арсовска, Ковачевски и СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и таа е последица на очајниот рејтинг на дуото Ковачевски-Арсовска и нивната акутна неспособност, порачаа денеска преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. 

-Но, таквата опседнатост не ги решава проблемите со хаосот во градот Скопје и јавните претпријатија. Она што е очигледно дека дуото Ковачевски-Арсовска се бугарски асови на бугарскиот бизнис и политика во Македонија, и оттука дали е точно дека зад хаосот кој го воведоа седат бугарски бизнис интереси за набавка на автобуси кои веќе се пристигнати во Скопје?, велат од партијата. 

Тие прашаа и дали е точно дека нема попуст, но има провизија од милионската набавка на нафта на ЈСП и дали истата ја договорил блискиот советник на Данела Арсовска, сметководителот Драган Митковски-Книга?

-Како од сите компании на нафта во Македонија беше избран Пуцко Петрол, кој припаѓа на пратеник од власта? Ова ли се работите кои се договараа на тајните средби Ковачевски-Арсовска? - се наведува во најновото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.