Дали брисот од нос е доволен за точен резултат на антигенски тест?

Брзите тестови се на располагање на граѓаните и слободно се купуваат во аптека. Најголем дел од нив функционираат на принцип на назален брис. 

Многу се ретки оние кои бараат од корисникот да се земе брис од грло или од усната шуплина. При ПЦР тестирање, се зема примерок и од носот и од грлото. 

Во истражување на компанијата Abbott, вклучени биле 731 лице кои се тестирале за присуство на коронавирус. Кај 95% од нив, антигенскиот тест бил позитивен и се откриени вируси во назалниот брис. 

Кај 115 доброволици кои имале веќе позитивен тест за коронавирус, биле споредени резултатите и од антигенскиот тест, за кој биле земани и примероци од нос и од грло. Во овие примероци, откриени се 40% помалку позитивни резултати од брисевите од грло или уста, споредено со оние од нос. 

Со тоа, упатствата од тестот одат во прилог на резултатите, односно дека е доволно да се користат примероци од нос за рапид тестирањата и нема дополнителна потреба од брис од грло или усна шуплина.