Дали бремените жени и луѓето со алергии треба да се вакцинираат: Изменето упатството за двете вакцини

Луѓе кои имаат алергии може да се вакцинираат со вакцината на Оксфорд / АстраЗенека која веќе е одобрена за употреба кај овие луѓе, пишуваат британските медиуми.

Дополнително и покрај тоа што првичните сознанија беа дека луѓе со алергии и бремените жени не може да ја примаат и вакцината на Фајзер/Бионтек која треба да пристигне во Македонија, сега упатството е ажурирано и стои дека и оваа вакцина е безбедна за нив.Секако се препорачува внимателност за да се види дали некоја од специфичните алергии кои ги има лицето има некаква врска со вирусот.

Досега во Велика Вританија се вакцинираа над 800.000 луѓе, а во САД околу 1,5 милиони луѓе.

Искуството покажа дека алергиските реакции не се својствени за лицата кои ги примаат вакцините и според докторите тоа не треба да созадава грижи воопшто.