Дали брашното е расиплив производ?

Ако купивте поголеми количини брашно, можеби сега сте во ситуација да не знаете како правилно да го складирате или да не сте сигурни дали може да се расипе. 

Овој продукт, како и секој кој го купувате од продавница, има рок на траење. Но, тоа е само ориентационо, бидејќи брашното е претежно сува материја со сосема малку влага. Па така, ако е постојано на суво и темно место, можете да го користите дури и 3-4 месеци по истекот на рокот, но само ако нема променето специфичен мирис или нема видливи траги на расипување. 

Исто така, ако забележите дека мириса чудно и непријатно, има траги од мувла или влага или ја променило бојата, тогаш не треба да го користите, дури и ако е во рокот на траење. 

Некои луѓе го чуваат во замрзнувач, добро затворено. Најдобро е да биде во стаклен сад, бидејќи хартиените вреќички може да го скратат рокот на траење. Секако, нека биде што подалеку од рерната или други извори на топлина, за да можете максимално да го искористите пред да помине рокот.