Далеку сум од совршена, но ти благодарам што ме сакаш и покрај сѐ...

Животот понекогаш е тежок и секој човек има свои лоши моменти, дури и ти.

Но, ти правиш да заборавам на сите мои маани додека сум со тебе. Ти ми помогна да ги поправам своите грешки и како да научам да им простувам на другите, па и на себе. Ти си човекот кој ми помогна да се пронајдам себеси и знам дека ова е реткост, затоа што во многу врски, луѓето се губат себеси наместо да се пронајдат.

Сум била во многу такви врски. Тие те исцрпуваат и одземаат многу работи од тебе. И кога ќе завршат, останував без човекот кој мислев дека го сакам и бев препуштена на некоја бледа верзија од себе.

Ти ми помогна да ги надминам сите тие тешкотии и за тоа сум многу благодарна. Ти ме прифати и мене и целиот мој товар и за тоа сум бескрајно благодарна. Досега не се случило некој целосно да ме прифати и тоа многу ми значи.

Знам дека имам свои моменти кога не сум баш фина, забавна или едноставна. Но, откако ги поминуваме тие моменти имам чувство дека ме сакаш повеќе и тоа прави да те сакам онака како што не сум сакала никого досега.

Фала ти што ме сакаш и што мислиш дека моите несовршености ме прават совршена. Твојата љубов го смени мојот свет и мојот свет е поубав поради твојата љубов.

Никогаш не сум ни замислувала дека вистинската љубов е ваква, а ти си тој кој ми покажа што значи вистинска љубов. Со душа ја чекам нашата заедничка иднина. Обожавам кога ќе ме фатиш за рака додека шетаме и ќе ме повлечеш кон тебе за да ме гушнеш. Премногу те сакам.

Ти ми помогна да го разберам животот. Ми помогнам да сфатам дека не е важно што има околу мене, туку кој е околу мене. Ти си човекот со кого сакам да го поминам остатокот од овој луд живот.

Знам дека секогаш ќе ми го чуваш грбот и никој нема да може да ме сака повеќе од тебе. Ти ќе ме правиш среќна на секој можен начин и ќе ме спуштиш на земја кога ќе одлетам. Ти си мажот од моите соништа, мажот кој никогаш не верував дека ќе го запознаам.

Се надевам дека и јас те правам среќен на истиот начин на кој ме правиш ти среќен. И се надевам дека до крајот на нашите животи ќе знам како да те направам среќен.

Фала ти што ме сакаш и покрај тоа што сум далеку од совршена.