Далеку под eвропскиот просек - 60 отсто од Македонците никогаш не нарачале нешто онлајн

Близу 60 отсто од македонците никогаш не нарачале нешто онлајн. Најголема причина за слабото купување електронски е немањето дигитални вештини односно не знаат како да порачаат преку своите компјутери.

Од друга страна 74 отсто од населението користи интернет. Воглавно за социјалните мрежи телефонирање и игри. До европскиот просек сме најблиску во читањето вести на интернет сајтовите, барање информации за здравје и пишување свои содржини на сајтовите. Платежните картички и натаму најмногу се користат за подигнување готовина, а најмалку за онлајн трансакции.

- Во што сме далеку под eвропскиот просек ?

Праќање или примање email, сместувачки услуги, продавање производи и услуги, барање информации за производи и услуги, користење интернет банкарство, барање и аплицирање за работа.

За разлика од екпертите во е-трговијата министерот Манчевски причината за слабото користење на платежните картици ја гледа во сиромаштијата на народот.

Според податоците на Народната банка  лани онлајн трговијата изнасувала 105 милиони евра или за над 20 отсто повеќе од претходната година . Но и гувернерот Богов смета дека сме многу далеку од водечките земји.

Над 70 отсто од трансакциите на граѓаните се кон странските е трговци. Најмногу се купува облека, електроника и играчки.