Далај Лама – запамти!

Зборувај полека, мисли брзо.

Кога ќе ти постават прашање на кое не сакаш да дадеш одговор, насмевни се и прашај: „Зошто прашуваш?“

Во кавгите биди фер. Не употребувај грди реченици.

Во кавгите со саканите фокусирај се само на моменталната ситуација. Не го повикувај минатото.

Кога ќе станеш свесен за сопствените грешки, признај ги и учи од нив за во иднина.

Кога на некој ќе му кажеш „Жал ми е“, гледај го во очи.

Немој да дозволиш поради мало недоразбирање да изгубиш големо пријателство.

Кога губиш, немој да ја изгубиш поуката што можеш да ја извлечеш.

Не заборавај дека понекогаш се работи за неверојатна среќа кога нема да го добиеш она што го сакаш.

Никого не прекинувај додека те фали.