„Дајте музика” повторно на малите екрани: По 30 години пауза, продолжува снимањето на популарната детска серија

Популарната музичка серија за деца “Дајте музика”, која се прикажуваше на Македонската телевизија, повторно ќе започне да се снима по речиси 30 години пауза, пишува поратлот Точка

Со серијата која беше во режија на Лазар Паковски и Миле Гроздановски израснаа многу генерации, а многумина се сеќаваат и на најавната шпица со Ристо Самарџиев. 

Сега, по речиси 30 години, “Дајте музика” повторно ќе започне со снимање, овојпат од страна на актерската школа на Весна Петрушевска под стајлинг водство на Цаци Паковска.

Ова е одлична вест за старите генерации кои ќе се потсетат на едно безгрижно време и на добрите детски денови, но и за новите генерации кои ќе имаат можност да ги доживеат тие времиња.