„Ние сме ЗЕЛЕНИТЕ СИЛИ и доаѓаме да преземеме контрола, затоа што ова е единственото место кое го нарекуваме ДОМ“, ова е пораката која дечињата претставници на јуниорската Евровизија, хероите на „Дајте музика“, ќе ја пренесат на големата сцена.
Песната со која Македонија ќе настапи на детската Евровизија во Париз се вика „Green Forces“.
Текстот е на Робин Зимбаков, а музиката на Роберт Билбилов.
Ние ја преслушавме песната неколкупати и можеме да кажеме дека пренесува една навистина моќна порака за спас на светот од загадувањето.
Браво, деца!