Дајте им вода, направете им сенка - помогнете им на бездомните животни во летните жештини

Не е тешко, а на тој начин ќе спасите нечиј живот доколку слезете и пред зграда им дадете свежа вода на животните. Доколку не ви е проблем истата вода да ја промените најмалку три пати во текот на денот, можете да бидете горди на себе. 

Метеролозите веќе со денови најавуваат пеколно лето со температури помеѓу 30 и 40 степени. Внимателно следете ги советите на лекарите во овие вонредни услови, често релаксирајте се, јадете лесна храна и пијте доволно течност. Кога станува збор за нашите миленици, задолжително, редовно менувајте им ја водата, а заедничките прошетки практикувајте ги кога температурите ќе се намалат. 

Во оној момент кога ќе го забележите својот миленик како лежат на ладен под или пред клима, сетете се дека на врелиот асфалт има животни кои се мачат за својот живот. 

Можеби не можете да ги спасите од топлиот удар на сонцето и другите опасности кои се случуваат во летниот период, но можете да им олесните така што ќе ги нахраните и ќе им дадете вода. 

Не е тешко, а на тој начин ќе спасите живот доколку баш сега излезете надвор. За да остане водата подолго време свежа, можете да додадете и неколку коцки лед.