Да, токму сега – започни нова страница

Да, токму сега – заврти нова страница. Замисли дека земаш една книга во раката и само сврти ја страницата. Обиди се да не се враќаш назад. 

А ако веќе се враќаш назад, врати се за да видиш што си научил. Земи си време за себе и вежбај ја љубовта кон себеси, секој ден сѐ повеќе и повеќе. 

Кога се сакаш себеси, повеќе нема да им дозволуваш да те повредуваат, ниту пак ти ќе ги повредуваш другите. 

Иако можеби не го гледаш тоа во овој момент, барем обиди се да го направиш тоа и започни нова страница! Заштити се себеси и своето срце. 

Не мисли дека си себичен, затоа што не е себичност кога правиш нешто од љубов кон себеси. Погрешно те учеле, а сега, земи ја книгата во раце и заврши ја страницата на која моментално се наоѓаш, полна со ограничувања кои другите ти ги поставиле. 

Почни да го создаваш својот пат и дури и ако немаш поддршка – оди сам, по нов пат, наменет само за тебе!