Во брак со сопругата сме веќе 7 години.Премногу се сакаме и почитуваме.Двајцата работиме, имаме опремено станче од 60 квадрати, два автомобила и викендичка во Маврово.Веќе долго време пробуваме да имаме деца, но неуспешно.Тоа ме јаде одвнатре, ме пустоши. Многу пати одам пијан кај еден мој другар и му велам:

"Готово е Џони ќе ја пуштам на слобода. Што кога не можам да и подарам дете. Што? Знаеш колку ја сакам и затоа мислам дека треба да ја пуштам.

Секако дека она не дозволи тоа да се случи.Да се има љубов како нашата е благослов.Со детето би било совршено.

Но, коцките не се подредуваат секогаш онака како што си замислил.За некого репродукцијата е лесна, за други е вистински предизвик и борба.По сите поминати гатачки, бајачки, лековити води, семинари, пробавме со ин витро, вториот пат беше успешен, но набрзо и таа среќа згасна.Секоја вечер си се тешиме размислувајќи на имиња, прошетки, родендени заедно со нашите деца.Некогаш ќе си помислев е господе некој не ги сака, а ги има, а ние копнееме, а не можеме да ги добиеме...Решивме да посвоиме дете, и ние и тоа мало душиче да има и да чуствува љубов се надевам дека бргу ќе добиеме позитивен одговор....

Едно ќе кажам цврсто држете ја својата љубов.Затоа што таа нема да престане, таа ќе се зацврсти баш кога ќе биде најтешко.Можеби не се сите направени од љубов, но треба новите деца да ги правиме и чуваме од љубов.

И на крајот да ти се плукнам во платата од 1000 евра, автомобилот и лагодниот  живот во големиот стан кога ќе влезеш во него и ќе нема кој да ти се насмевне и рече дојдоа мама и тато.