“Да ти гледам на рака” – гатачи се шетаат низ скопските локали

Некој заработува пари и на овој начин. Гатачи и бајачи на секоја страна, па и низ скопските улици и локали тие се секојдневие.

“Да ти гледам на рака”, е една од најчестите реченици со кои им се приближуваат на луѓето. Продаваат “амајлии ” и други предмети “за среќа”.

Особено во овој период од годината тие се повеќе се присутни во скопските локали, бидејќи луѓето повеќе излегуваат, а се чувствува и новогодишната еуфорија па луѓето и повеќе се расположени.

Некои ги избегнуваат, некои ги поздравуваат само со насмевка, некои од мајтап им дозволуваат за да им “гатаат”, но има и такви кои им веруваат.

Гатачите си имаат своја тарифа, па им наплаќаат на луѓето, бидејќи им ја предвиделе судбината.

“Ќе се вљубиш, ќе станеш богат, болен си, но јас ќе ти помогнам да се излечиш”, се најчестите работи кои им ги кажуваат на луѓето.

Вработените најчесто ги бркаат од локалите, но кога има простор, тие гледаат да искористат колку можат.