Да сте живи и здрави: Среќна нова 2018 година!

Добре дојде 2018 година!

Уште една нова година се нанижа и пристигна во нашите животи. И покрај тоа што многу луѓе се скептични и се плашат од тоа што ќе донесе новата година, сепак сите ја гледаат новата година како нов почеток, нов лист и нова шанса за повеќе среќа, повеќе љубов, повеќе авантури и повеќе задоволства!

Животот е полн со различни предизвици и постојано ни става препреки и искушенија кои мораме да ги надминеме. Новата година и 1 јануари носат надеж со себе, носат свежина и ведрина. Носат нови одлуки, носат промени, носат нови ветрови и тивко шепотат дека оваа година ќе биде посреќна, подобра.

Но, новата година не може самата да го направи тоа. Самите сме одговорни за правецот во кој ќе ни се движи животот, за луѓето со кои ќе останеме во контакт, за емоциите кои ќе дозволиме да преовладуваат и за енергијата која ќе решиме да ја шириме.

Затоа во оваа година, покрај сите останати одлуки, најважно е да запомниме дека:

Здравјето е најважен приоритет.
Треба почесто да се смееме.
Треба посилно да љубиме.
Не треба да се плашиме од непознатото.
Треба почесто да им кажуваме и покажуваме на блиските дека ги сакаме.
Зборовите се важни, но многу поважни се делата.
Треба да веруваме во нашите соништа.
Треба да се бориме за тоа што го сакаме.
Треба подобро да се грижиме за себе.
Прво треба да се сакаме себе, за да им дозволиме и на другите да не сакаат.

Животот не е неограничен и брзо поминува.
Тоа што е наше, нема само да дојде, треба самите да се бориме да го добиеме.
Ништо не паѓа од небо.
Љубовта е насекаде и се наоѓа во малите работи.
Неуспехот боли, но  вредните лекции кои доаѓаат од него се непроценливи.
Редот и дисциплината се многу важни кога станува збор за остварување на целите.
Некогаш ќе бидете во хаос. И тоа е сосема океј.
Треба време за човек да се пронајде себе. Кога ќе се пронајде тоа е прекрасно животно поглавје.
Семејството е најскапоценото нешто коешто некогаш може да го имаме.
Секоја нова година може да биде поубава од претходната.
Умот може да биде најдобар пријател и најголем непријател. Самите одлучуваме.
Не треба да се обидуваме да ги задоволиме сите. Тоа е невозможно.
Со вистинските луѓе околу нас, животот е секогаш убав, дури и кога е тежок.
Треба да им се радуваме на убавите спомени, но да се насочиме кон создавање нови.

Среќна Нова 2018 година!