Да се вози автомобил на бензин или дизел станува луксуз

Регулаторното тело за енергетика одлучи да пораснат цените на бензините и дизелот.

Тоа значи дека од полноќ па се во следните две недлели граѓаните ќе мора да издвојуваат повеќе пари за горива.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 растат за денар, односно денар и половина и еден литар од овие горива ќе треба да го платите 74.50, односно 76.50 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ горивото поскапува за два денари, и еден литар дизел гориво ќе ве чини 69.00 денари.

Поскапувањето на горивата според РКЕ се должи на растот на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за  4,74%.

Да се вози автомобил на бензин или дизел станува луксуз. Ова се дел од коментарите на возачите кои ги затекнавме на бензинските пумпи ширум главниот град. Коментираат дека се помалку ќе возат а на работа ќе мора да патуваат со алтернативно превозно средство ако продолжи вака да расте цената на нафтените деривати.