Да се сеќаваме и да донираме - Вечерва хуманитарен концерт во чест на нашиот Тоше

Во амфитеатарот во Спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево вечер ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“. Концертот е во чест на животот и делото на Тоше и млади таленти ќе интерпретираат негови песни.

Организатор на концерот е хуманитарната непрофитна организација „Play Without Boundaires“ („Игра Без Граници“), регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески, и со поддршка на Спомен куќата.

– Дваесет и деветти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион, кој сега е именуван по неговото име. За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња, информираат организаторите.