Да се сакаш себеси значи да не дозволуваш другите лошо да се однесуваат кон тебе

Само затоа што се сакате себеси, не значи дека сте саможивни егоисти кои не се грижат за другите. Тоа не значи дека сте нарциси кои се ставаат себеси над другите.

Само затоа што се сакате себеси, не значи дека имате совршена слика за себеси. Само затоа што се сакате себеси, не значи дека сте обликувани како грчко божество. Само затоа што се сакате себеси, не значи дека не сте свесни за својата ранливост и несигурност. Само затоа што се сакате себеси не значи дека го занемарувате фактот дека сте несовршено човечко битие. Само затоа што се сакате себеси, не значи дека живеете во илузија.

Кога ќе одлучите да се сакате себеси, тоа само значи дека едноставно одбивате да се помирите со живот кој не го заслужувате. Да се сакате себеси значи дека сте доволно милостиви за да прифаќате пофалби и убави зборови.

Да се сакате себеси значи дека сте одлучиле да верувате во себе и својата сила. Да се сакате себеси значи дека сте во состојба да го прифатите фактот дека имате што да му понудите на овој свет: нешто што би можело да биде вредно за другите луѓе.

Да се сакате себеси значи да бидете во состојба да го препознаете својот сопствен потенцијал за да бидете моќна сила на овој свет и да правите позитивни промени во живототите на луѓето околу вас, без оглед на тоа колкава е таа промена.

Да се сакате себеси значи да одбивате да го толерирате лошото однесување на другите. Тоа значи дека сте подготвени само да се опкружите со добро друштво, со луѓе кои додаваат вредност, смисла и длабочина во вашиот живот. Да се сакате себеси не значи дека сте асоцијални. Тоа значи дека одбирате кому ќе верувате и кого ќе сакате. Тоа значи дека внимавате на себе, затоа што и самите знаете дека немаат сите добри намери. Да се сакате себеси значи да не се обвинувате секојпат кога ќе изгубите некого во животот. Тоа значи дека сте во состојба да препознаете кога не сте виновни за нешто. Да се сакате себеси значи да имате сила за прекинување врски со луѓе кои постојано ве трујат и драматизираат.

Да се сакате себеси значи да не се држите до неразумни стандарди. Тоа значи дека сте трпеливи со самите себеси, особено кога имате големи очекувања. Да се сакате себеси значи дека можете да поднесете неуспех и да не дозволите вашите несигурности да ги одземаат најдобрите ваши делови. Да се сакате себеси значи да бидете во состојба да си простите на себеси секојпат кога ќе згрешите и дека можете да пронајдете одлучност за да станете, да ја истресете прашината од себе и да се фокусирате на подобри работи. Да се сакате себеси значи да ја признаете вашата вредност.

Да се сакате себеси значи да препознаете дека сте далеку од личноста која некогаш сте биле и колку далеку треба да одите за да станете личноста која треба да бидете. Да се сакате себеси значи да бидете способни да ги цените добрите и лошите времиња во вашата животна историја, затоа што знаете дека сѐ што се случило довело кон тоа да бидете личноста која сте денес.

Да се сакате себеси значи да не го мразите она што го гледате во огледало. Да се сакате себеси значи дека не морате да ја толерирате негативноста која не ви е потребна во животот. Да се сакате себеси значи дека го признавате сопственото постоење во овој живот и ги потврдувате сопствените стандарди.

Важно е секогаш да учите да се сакате себеси и не смеете да дозволите другите да ве уверуваат во нешто друго. Запомнете: Ако одбиете да се сакате себеси, вие им давате дозвола на другите да не ве сакаат. Но, ако одлучите да бидете сигурни во себе, ако ги прифатите деловите од себе кои и не се баш најлесни за сакање, луѓето ќе ве следат.

Но, она што е најважно е следното: Треба да се сакате, затоа што вашата љубов е единствена на која навистина можете да се потпрете. Не можете секогаш да сметате на другите дека ќе бидат покрај вас, но секогаш можете да бидете свое сопствено рамо за плачење.

Сакајте се себеси: без причина, без услови – со полно срце.