Да се помине „скроз одличен" е дијагноза, смета професорката Алексиќ

Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“ Татјана Алексиќ со коментар за она што ја одбележува речиси секоја учебна година. 

Дали желбата за „сите петки“ е колективна дијагноза?

- Да се помине „скроз одличен" е дијагноза! Нова колективна дијагноза која почнува најавено, ровари во текот на целата учебна година и на крајот од наставната година, особено во текот на наставничкиот совет, ги зафаќа сите до крешчендо. Врв на колективно лудило е (не) можноста за внесување електронски оценки и одржување совети во тек на денот... Ноќта и зората се мигови на Е - дневнички „шоу тајм". Добро утро Error! - порача професорката на својот фејсбук профил.