Да се најде прифатливо решение за гасоводот на Водно

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во однос на изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно.

Притоа ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Град Скопје и МЕР АД Скопје во најкраток временски рок да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар.